Јашароски од Воска следната сезона во Силекс

Силекс за следната сезона се засилува и со Ален Јашароски од екипата на Воска Спорт.

32-годишниот Јашароски е класичен центарфор,кој изминатава сезона постигна осум гола а имаше и три асистенции во дресот на охриѓани.

Јашароски, како и голем број негови досегшни соиграчи, не ја продолжи соработката со Воска спорт, па сега се сели во екипата на Силекс. Претходно во својата кариера, има настапи и за Металург, Турново, Работнички, Еуромилк ГЛ, Шкупи, Македонија ЃП, Скопје, Ренова, како и косовскиот прволигаш Приштина.

Се вчитува...