Тренерот на кошаркарите на Барселона, Шарунас Јасикевичиус после поразот на неговиот тим од Реал Мадрид, истакна дека ја преема одговорноста за овој неуспех.
Барселона на Ф4 во Каунас влезе после само три меча, додека на Реал Мадрид му требаа пет натпревари и мајсторка за да ја добие пресметката со Партизан. „Каталонците“ влегоа како фаворити во дуелот, и како едни од најсериозните кандидати за титулата, но ќе играат само во меч за третото место со Монако, а „кралевите“ во финалето со Олимпијакос ќе се борат за пехарот.
„Не игравме како тим, бевме нервозни. Ова не е тимска игра, и во вакви ситуации тренерот ја презема одговорноста. Требаше да имаме поинакви одлуки, и како што реков, одговорноста е моја“, рече Јасикевичиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА