Јасикевичиус: Да не беше тепачката, Партизан ќе го елиминираше Реал со 3-0

Во најдраматичната четвртфинална серија во Евролигата, Реал Мадрид се избори за Фајнлфор откако со 3-2 во серија го победи Партизан, иако „кралевите“ имаа негатива од 0-2 во победи по првите два меча во Мадрид.

Многумина сметаат дека серијата ја одлучи физичката пресметка на крајот од вториот меч, по која Реал успеал далеку подобро да се снајде на патот до Ф4. Таков е ставот и на тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус, чија екипа ќе му биде противник на Реал во полуфиналето на Ф4 турнирот во Каунас.

„Очигледно е дека тој инциденти ги промени нештата. Пред тепачката навистина не очекував пресврт, затоа што Партизан беше целосно доминантен во играта предводен од Кевин Пантер. Да играше Партизан во најдобриот тим сигурно задачата ќе си ја завршеше во Белград уште на третиот натпревар“ – вели Јасикевичиус.

Се вчитува...