Историската „тројна круна“ освоена во сезоната 2024/25 е доволен аргумент за раководстовто на Фенербахче да му даде нов договор на тренерот Шарунас Јасикевичиус.
Актуелниот евролигашки шампион ќе му понуди на литванскиот тренер договор со важност во следните две години и опција за соработка и за дополнителна година.
Во текот на кариерата Јасикевичиус ги предводеше и Жалгирис и Барселона. И со овие два клубови успеа да стигне до завршницата на евролигашката сезона, но на тронот се искачи само со турскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

