Јасикевичиус е избран за најдобар тренер во Евролигата

Литванецот Шарунас Јасикевичиус е избран за најдобар тренер во Евролигата за актуелната сезона, соопштено е од елитното натпреварување.

Јасикевичиус е првиот евролигаш кој ги освоил наградите за најдобар играч и најдобар тренер на натпреварувањето.

Трофејот „Александар Гомељски“ наменет за најдобриот тренер во Евролигата му припадна откако го предводеше Фенербахче до второто место во регуларниот дел од сезоната.

Турскиот тим го заврши првиот дел од сезоната со победа помалку од лидерот Олимпијакос.

 

Се вчитува...