Фенербахче по голема борба успеа да слави на гостувањето протви Виртус Болоња со 82-86, иако турскиот гигант три четвртини се мачеше да влезе во ритам.
Пресудија последните десет минути во кои Фенер постигна 30 поени, за во последната минута со тројките на Гудуриќ и на Хејс-Дејвис да направи пресврт и да стигне до победата. Тренерот Шарунас Јасикевичиус беше во елемент по мечот, изјавувајќи дека Фенер стигнал до победата затоа што играчите престанале да ги слушаат неговите совети.
„Искрено, не знам што да кажам по еден ваков меч…. Начинот на кој игравме, за на крајот онака да блеснеме во последната четвртина, да го одиграме најдобриот период… кошаркарите престанаа да ме слушаат, немам друго објаснување. Го видовте Гудуриќ, тој ја направи токму онаа работа што му реков да не ја прави… но на крајот погоди и помогна да победиме. Го најде решението за проблемот и ни ја донесе победата. Најџел Хејс Дејвис не е никакво изненадување, тој цела сезона игра на МВП-ниво… Како што реков, не знам како победивме, затоа е подобро да престанам да зборувам бидејќи очигледно не разбирам многу работи околу кошарката“, изјави Јасикевичиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА