Кошаркарскиот клуб Фенербахче ја прекина серијата на три последователни порази, победувајќи го Баерн во петото коло од ова натпреварување.
Сепак, тренерот на турскиот тим Шарунас Јасикевичиус не беше воопшто задоволен од изданието на своите кошаркари на овој натпревар.
„Мислам дека не бевме нервозни во првата четвртина, туку едноставно сакавме премногу. Енергијата ја имавме од самиот почеток. Знаевме дека во овој дел од сезоната не можеме да победуваме со играње на убава кошарка. Не сме подготвени, имаме многу проблеми. Затоа мораме да играме со прекини, да бидеме физички силни и некако да најдеме ритам во нападот. И мислам дека го направивме тоа во втората четвртина“, рече Јасикевичиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

