Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус во интервју за грчкиот медиум „Газета“ откри дека не очекувал српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ да замине од клубот ова лето.
Гурудиќ беше еден од најдобрите кошаркари на Фенербахче и имаше огромен учинок во освојувањето на трофејот во Евролигата и неговото заминување во Олимпија Милано ќе претставува голем проблем за турскиот состав.
„Во кошарката тимот се гради во лето. Заедно со директорот на клубот имаме план А, план Б и план Ц. За жал сега сме на план Ц, но немаме проблем со тоа“, изјави Јасикевичиус.
„Никогаш не знаете кој план е вистинскиот. Продолжуваме да работиме и покрај тоа што не очекувавме некои промени. Особено со Најџел и Марко кои заминаа. Меѓутоа тоа е животот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

