Јасикевичиус: Само седат и гледаат како Евролигата си пука сама во нога

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус ја изрази својата загриженост за иднината на Евролигата.

Се почесто се зборува за доаѓањето на НБА во Европа и се наведува дека Фенербахче е еден од тимовите кои се очекува да бидат носители на проектот:

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус изјави дека е многу загрижен поради тоа.

„Целосно ја поддржувам Евролигата, но таа моментално е во застој. Многу сум загрижен за Евролигата, бидејќи другите, како ФИБА или НБА, не мора да прават ништо. Тие само ја гледаат Евролигата како си пука сама во нога. Нема единство, нема ништо. Евролигата мора да се издигне што е можно поскоро, бидејќи секое уништување доаѓа одвнатре“, рече Јасикевичиус.

Се вчитува...