Шарунас Јасикевичиус стартуваше со победа на клупата на Фенербахче. Вечерва неговиот нов тим го совлада Монако во Истанбул со 86-74. во текот на целиот меч Фенер имаше предност, а клучната разлика ја направи во третиот период, кој го доби со 22-12.
Фенербахче стартуваше слабо во Евролигата, па дојде до смена на тренерот, а ова за нив беше седмата победа, додека Монако го запиша шестиот пораз. Фенер и натаму е без пораз на домашен терен.
Залудно Џејмс од Монако беше најефикасен со 24 поени, додека Хајс со 23 беше најдобар кај домаќинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА