Јасин Љама освојувач на јубилејното издание на „Златен Гонг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот боксер Јасин Љама е освојувач на јубилејното издание на „Златен Гонг“, престижниот меѓународен турнир кој изминатите два дена се одржа во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“. Љама покажа завиден квалитет во финалната борба во категоријата до 60 килограми и со технички нокаут го победи Романецот Норберт, со што го заслужи признанието за најдобриот боксер на турнирот.

Алим Насуфи во категоријата до 64 килограми загуби во финалето од косовскиот претставник Шпетин Бајоку, а Арсин Етеми исто така беше поразен од Албан Беќири од Албанија во категоријата до 75 килограми.

За најдобар македонски боксер на годинашното издание на „Златен Гонг“ е прогласен Алим Насуфи. Најборбен боксер е Албан Беќири од Албанија, а најдобар техничар – Патриот Бехрами од Косово. За најдобар странски е боксер е прогласен Саша Миловац од Србија.

 

Се вчитува...