Фудбалската репрезентација на Албанија стигна до нова голема победа откако денеска славеше над Украина со 1-2 на мечот кој се одигра во Прага, како дел од стартот на новото издание во Лигата на нации.
Украинците поведоа со 1-0 со голот на Конопља во 49. минута. На 1-1 израмни Исмајли во 54. минута, додека повторно херој за Албанците беше вардаровото дете Јасир Асани кој го постигна победничкиот погодок во 66. минута.
Во последниот натпревар од денешната програма Грција славеше со 3-0 против Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

