Досегашниот дефанзивец на Пелистер, Јасмин Мециновиќ, својата кариера и официјално ја продолжува во Малезија. Тој денеска беше промовиран во тимот на Мелака јунајтед, за кој ќе настапува во наредниот период. Мециновиќ дојде како засилување за Пелистер оваа сезона, но и не го дочека крајот на шампионатот во Македонија, повторно заминувајќи во странство.
Претходно тој како интернационалец играше и во Молдавија, Норвешка, Унгарија и во Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА