Јавниот обвинител во Шпанија бара казна затвор од две и пол години за ѕвездата на Реал Мадрид

На фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио му се заканува казна затвор од две и пол години за споделување на видео снимка на која тројца негови поранешни соиграчи имаат однос со две девојки на Канарските острови.

Девојките дале согласност за односот, но не и да бидат снимени, а споделувањето на видео снимката во јавноста предизвика голем скандал особено дека станува збор за малолетнички на 16 и 17 годишна возраст.

Асенсио не учествувал во односот, но ја споделувал снимката па јавниот обвинител бара затворска казна од две и пол години за фудбалерот на Реал Мадрид кој се наметна и во првиот тим под водство на Карло Анчелоти.

Се вчитува...