Јавно објавен тестаментот на Марадона: Конечно познато што сакал Диего

Адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла се повеќе во јавноста изнесува тајни поврзани за аргентинската легенда, како одмазда за неговите две ќерки кои забранија негово присуство на погребот пред две недели.

Па, веднаш по погребот се појавија информации дека Марадона сакал неговото тело да биде балзамирано и изложено, но неговото семејство остана глува на тоа и го погреба.

Сега Морла повторно се огласи откривајќи дека Марадона во својот тестамент напишал категорично дека сака да биде балзамиран и изложен во музеј, а тоа го потпишал на 13. октомври оваа година.

„По долго размислување сакам да искажам желба моето тело да биде балзамирано и изложено во музеј, заедно со сите мои трофеи. Па луѓето да се сеќаваат на сите убави спомени кога ќе дојдат во музејот и ќе го погледнат сето тоа“ – напиша Марадона во својот тестамент кој сега јавно го објави неговиот адвокат.

Се вчитува...