Јавноста за прв пат ќе види фотографии од Шумахер по страотната несреќа

Поминаа повеќе од седум години по страшната несреќа на Михаел Шумахер на француските Алпи, а по многуте шпекулации јавноста наскоро за прв пат ќе дознае во каква состојба се наоѓа Германецот. Имено, германските сценаристи, Мајкл Вех и Ханс-Бруно Камертонс ќе снимат документарец за великанот на Формула 1, кој ќе биде насловен „Шумахер“.

Веста ја потврдија и од самото семејство, а покрај делот за неговиот живот и кариера ќе се опфати делот и за несреќата, а на располагање на сценаристите ќе им бидат и фотографии од Шумахер од последните седум години, па јавноста за првпат ќе може да види како изгледа Ф-1 легендата по страшната несреќа.

Покрај тоа потврдено е и дека во документарецот ќе говорат и неговата сопруга Корина, таткото Ролф Шумахер, ќерката Џина-Марија и синот Мик, кој од неодамна доби шанса и во Формула 1.

Се вчитува...