Првото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти за тепачката што се случи во Белград на улицата Црногорска на 5 мај годинава, а во која учествуваа кошаркари на Партизан.
„Извршен е судско-медицински преглед за околностите за тежината и начинот на повредата на оштетените, од каде што произлегува дека Ј.К. се здобил со повреди кои, збирно оценето, претставуваат тешка телесна повреда. Наведеното вештачење ќе биде доставено до бранителот на обвинетиот и бранителот на оштетениот за да се изнесат можните приговори за сослушувањето на кошаркарот К.А.Џ, а потоа распитот на Ј.К. како сведок на оштетениот. Обвинителството ќе ги преземе сите други потребни дејствија за утврдување на целосната фактичка состојба, врз основа на која ќе биде донесена одлука, а за која ќе биде информирана јавноста“, соопштија од Обвинителството.
За потсетување, тројцата кошаркари на Партизан (Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Исак Бонга) учествуваа во тепачката што се случи ноќта меѓу 4 и 5 мај околу 04.30 часот пред белградски клуб, додека три лица К.М., Ј.Н. и Ј.К. беа повредени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

