Во 1999 година беше суперсензација кога на 16 години со 6-2 и 6-0 на Вимблдон ја декласираше славната Мартина Хингис. Веќе следната година играше полуфинале на најславниот тениски турнир. Сите познавачи на тенисот и предвидуваа дека ќе биде најдобра во светот. Стигна до шестата позиција на ВТА листата. Австралијката со српско потекло, Јелена Докиќ не дојде ниту блиску до славата што и беше предвидена.
Првенствено поради сериозните проблеми со татко и Дамир за кого објави да ја измачува и физички и психички. Таа тврдеше дека ја претепувал, а тој предизвикуваше инциденти речиси секаде каде што настапуваше Јелена.
Докиќ неодамна напиша автобиографија „Нескршлива“ во која објавува шокирачки детали за животот. Раскажува дека била во очајна ситуација кога ја прекинала тениската кариера, била загубена и почнала да се дебелее. Стигнала до неверојатни 120 килограми. Кога се созела намалила на 99 килограм и следна цел и е да дојде до нормална тежина.
На претстојниот Австралија опен ќе работи како коментаторка и затоа вели дека животот и е во многу подобра насока. Посебно место во животот има нејзиниот партнер за кој раскажува дека одиграл клучна улога во моментите кога размислувала за самоубиство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА