Поранешната најдобра светска тенисерка Јелена Докиќ, откри зошто не присуствувала на погребот на својот татко Дамир Докиќ во Врдник, кој почина на 66-годишна возраст.
„Морам да се помирам со тоа, всушност да прифатам дека тој никогаш не ме сакаше. Искрено верувам дека не можете да му го направите тоа на вашето дете ако навистина го сакате. Откако наполнив шест години, почнав да играм тенис и започна злоупотребата. Од девет или десет години бев брутално тепана, удирана и клоцана во главата толку силно што ја губев неколку пати и свеста. Толку ти е всадено тоа во главата, и мислиш како дете дека не вредиш ништо. Се обидов да се помирам со татко ми два или три пати, но тоа не беше можно. Тешко е кога некој нема ни најмало каење. И тој всушност во една прилика ми рече дека би го направил тоа повторно“ – изјави Јелена Докиќ.
Притоа и објасни зошто не дојде на погребот на својот татко.
„Не чувствував дека морам да одам. Крај е. Готово е. Не му простувам и не морам да му простам, но ова е голема работа – не го мразам. Морав да ја пронајдам сопствената самодоверба. Ќе паднеш, ќе направиш грешки, ќе ги повторуваш милион пати, но само треба да се издигнеш повторно и повторно. Не сум жртва, не сакам сожалување, не сакам никој да ме сожалува. Секогаш се работеше за тоа како да излезам од тоа, и да го споделам со јавноста, затоа што можеби некој ќе го види тоа и ќе помисли „Знаеш што, таа успеа, веројатно и јас можам“ – вели Јелена Докиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

