Каталонскиот гигант Барселона ќе го продаде Јери Мина по само неколку месеци поминати на „Камп Ноу“. За него е заинтересиран Манчестер јунајтед, а Жозе Мурињо за него нуди 30 милиони евра.
23-годишниот дефанзивец од Колумбија во јануари пристигна во Барселона за сума од 12 милиони евра, но не успеа да ги импресионира ниту челниците на клубот, ниту тренерот Ернесто Валверде. Но, Јери Мина одигра одлично на Светското првенство во Русија за својот национален тим, а тоа го забележа португалскиот стратег кој сака да го доведе во Премиер – лигата.
За Јери Мина се заинтересирани и Евертон, Вест хем и Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА