Јери Мина: Ова е навистина голема несреќа

Колумбија не успеа да стигне до четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Кобни за избраниците на Хозе Пекерман беа ударите од белата точка, а повеќе среќа и нерви имаа Англичаните. Голот на Јери Мина постигнат во судиското продолжение од регуларниот тек на натпреварот донесе израмнување, надежите продолжија, но на крајот сепак Колумбија си заминува дома.

„Голема несреќа. Мислам дека заслуживме да бидеме дел од четвртфиналето. Но, требаше многу порано да го одлучиме мечот, при продолженијата. Тажен сум секако за елиминацијата, но истовремено и горд на својата, и на играта на целиот национален тим. Покажавме дека можеме да се носиме со сите селекции, а јас лично мислам дека се реафирмирав како фудбалер на големата светска сцена. Сега се враќам на клупските обврски во Барселона“, изјави Јери Мина, дефанзивецот кој постигна три гола за Колумбија на Мундијалот.

Ернесто Валверде планираше да го испрати Мина на позајмица за да се здобие со искуство на европската сцена, но останува да се види дали тренерот на Барса ќе се премисли по одличните настапи на Колумбиецот на овој мундијал.

Се вчитува...