Фернандо Јеро ја оствари првата победа како селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Дојде пред самиот старт на Мундијалот како наследник за Хулен Лопетеги, а во вториот меч на кормилото стигна до првиот триумф. Минимален (1-0) против селекцијата на Иран, а мора да се признае дека и мораше да се испоти за да стигне до трите бода.
Имаше и нервозни реакции Јеро, со кои потсети на Јоаким Лев, селекторот на Германија. Кога е тешко, пикни ја раката во гаќи…Можеби и делува, којзнае…Така Лев и го освои Мундијалот пред четири години во Бразил. Се разбира, тој има поширок репертоар на ’вакви потези’, но и поискусен е на селекторската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА