Јетон Беќири: Моја е одговорноста, онакво реми со Гостивар е рамно на пораз за нас!

Шкендија имаше добиен натпревар против Гостивар во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци на дуелот пред своите навивачи имаа предност од 2-0 се до 86. минута, а потоа дозволија два наивни погодоци на гостите во последните минути за незадоволувачко реми за црвено-црната армија.

Шефот на стручниот штаб, Јетон Беќири сосема очекувано беше разочаран по вчерашниот дуел прифаќајќи ја одговорноста на свој грб за начинот на кој Шкендија остана без трите бода.

„Тешкo и комплициранаo е да се коментира еден ваков натпревар, бидејќи бевме многу блиску до победа се додека не се испостави дека на крајот сме многу далеку. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои беа исклучителни. Овој резултат за нас е речиси еднаков на пораз и јас, освен што им се заблагодарувам на навивачите, истовремено сакам да им се извинам затоа што тоа направивме грешка која не ја предвидовме. Се чинеше дека играта беше под наша контрола, но невниманието на крајот не чинеше два многу, многу важни бода во моментов“ – истакна Беќири по вчерашниот дуел, притоа осврнувајќи се подетално на самиот натпревар.

„Всушност, првите 20 минути од првото полувреме имавме проблеми, а потоа имавме целосна контрола на играта. Во вториот дел не ризикувавме да се вратиме, се додека не го постигнавме вториот гол. Потоа направивме некои промени во тимот со кои сакавме да добиеме брзина и да ја покриеме играта во однос на ангажирање на терен. И во моментите кога на крајот заврши така како што заврши со два примени гола во самот финиш, одговорноста најчесто паѓа на тренерот. Во оваа ситуација ја преземам одговорноста за овој резултат бидејќи фудбалерите дадоа се од себе. Се чини и недостасуваше малку среќа на крај за да го финишираме овој речиси добиен натпревар. Секако, и фудбалерите и јас се чувствуваме разочарани од резултатот“.

Сега ќе биде неопходна дополнителна психолошка мотивација за да се надмине овој момент…

„Дефинитивно од утре ќе работиме на тренинзите, ќе ги анализираме грешките, ќе видиме каде погрешивме и покрај тоа што секогаш се знае дека одговорноста е на тренерот. Имаме една недела да се подготвиме за натпреварот против Вардар. Ништо во првенството не е завршено. Се надевам дека на следниот натпревар ќе се вратиме на победата, давајќи се од себе за подобар настап“ – вели стратегот на Шкендија.

Се вчитува...