И покрај одличното свое издание, фудбалерите на Шкендија не успеаја да обезбедат настап во групната фаза во Лигата на Европа, откако дури по продолженија беа елиминирани од бугарскиот Лудогорец.
На гостувањето во Разград, Лудогорец ја анулираше предноста на Шкендија со идентични 2-1 од првиот натпревар, но по продолженијата, главно во израмнет натпревар славеше на крај со 4-1.
Тренерот на „црвено-црните“, Јетон Беќири секако е задоволен од европското лето на неговиот тим нагласувајќи дека тимот ќе го даде максимумот за што поуспешна презентација во Европа оваа есен.
„Честитки за Лудогорец за пласманот во Лигата на Европа. Фудбалот е таков да кога се ќе се изанализира, се чини дека ние бевме толку блиску, но сепак далеку од пласманот во групите во ЛЕ. Мора да бидам искрен, имавме лошо прво полувреме, но во вториот бевме подобри. Дури на крајот имавме и 100% шанса која ако ја реализиравме ние ќе бевме екипата која ќе играше во Лига Европа“ – истакна Беќири.
Стратегот на тетовци потенцира дека сега се уште многу европски предизвици кои Шкендија со игрите ова лето ги заслужи.
„Во моментов сум тажен за елиминацијата, но во исто време сум горд на играчите и на начинот на кој го презентиравме македонскиот фудбал. Пласманот во Конференциската лига е секако одличен успех. Пред да почнат европските мечеви ова лето, некој да ни го понудеше пласманот во главна фаза на некое европско натпреварување, секако со двете раце ќе го прифатевме. Ќе се обидеме да го презентираме македонскиот фудбал во најдобро светло и натаму во Европа. Мора да искажам голема благодарност и до навивачите кои секогаш не поддржуваат и до фудбалската јавност во Македонија која беше со нас“ – истакна Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

