Шкендија ја финишираше серијата контролни натпревари во очекување на стартот на своите европски натпревари.
Анализирајќи го сработеното низ досегашниот тек од подготовките, шефот на стручниот штаб Јетон Беќири вели дека петте контролни натпревари му дале на тимот вистинско време да ја пронајде оптималната форма во пресрет на европските предизвици.
Шкендија запиша три победи и два порази низ тест дуелите со Тиквеш (1-0), Тирана (1-0), Лапи (0-2), Дрита (4-0) и Партизан (1-2).
„Мислам дека сме подготвени затоа што тимот навистина добро работеше. Верувам дека екипата е подготвена да го даде најдоброто од себе. Малку проблематична е ситуацијата што противникот во Конференциската лига го промени речиси целиот тим, а има и нов тренер. Но, ќе се обидеме да дадеме сè од себе, со наша препознатлива игра да дојдеме до позитивен резултат на првиот натпревар“ – вели Беќири.
Шкендија, првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против ерменска Ноах го игра на 11. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА