Шампионот Струга ТЛ продолжува со формирање на тимот за наредната сезона, во која стружани ќе ја бранат шампионската титула, но и ќе се обидат да стигнат што подалеку во европските купови.
Потпишан е нов договор со најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, веќе беше доведен и голманот од БиХ, Филип Дујмовиќ, а од денеска нов член на Струга ТЛ е и македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски.
Станува збор за 26-годишен играч за врска, кој ја одби понудата за нов договор со Ујпешт и реши да се врати назад во татковината, и тоа како член на Струга ТЛ.
Јевтоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија, кој претходно има настапувано и за Арсенал Киев во Украина, хрватскиот прволигаш Вараждин, потоа за Локомотив Пловдив во Бугарија, додека во мак-фудбалот ги има брането боите на Работнички и на Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА