Италијанскиот великан, Јувентус подготви нов договор за 20-годишниот крилен напаѓач Кенан Јилдиз, објавија италијанските медиуми.
Турскиот репрезентативец постигна гол и асистенција и беше најдобар играч на саботното дерби од 3. коло во Серија А во кое Јуве го победи Интер со 4-3. По три кола Наполи и Јувентус имаат максимални девет бода, а Јилдиз има еден гол и три асистенции на своето конто.
Јилдиз помина низ фудбалската академија на Баерн, а летото 2022 година, како 17-годишник, се приклучи на јуниорскиот тим на Јувентус. Во вториот дел од сезоната 2023/24 почна да добива значителна минутажа во првиот тим на Јуве, а минатата сезона неговиот талент дојде до полн израз, откако постигна 12 гола и на тоа додаде девет асистенции.
Неговиот договор е со важност до јуни 2029 година, а сега Јуве му нуди нов договор, до јуни 2030 година и поголема плата, односно пет милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

