Јилмаз кажа збогум: Се дури сум жив ќе имам кошмари од промашениот пенал

Бурак Јилмаз беше трагичар на Турција во полуфиналето од баражот со Португалија, откако голгетерот на Лил промаши пенал при самиот крај на мечот при негатива од 2-1, со што е главен виновник за поразот на својата селекција.

Нецели 24 часа по тој несреќен момент, Јилмаз објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

„Ова беше мојот последен меч во дресот на Турција. Многу ми е жал што репрезентативната кариера ја завршувам на ваков начин. Секако дека сум разочаран, се дури сум жив ќе имаме кошмари од промашениот пенал“, изјави 36-годишниот Јилмаз.

Бурак Јилмаз одигра 77 натпревари за турскиот национален тим, притоа постигнувајќи 31 гол за својата репрезентација.

Се вчитува...