Јилмаз трагичар – Португалија ќе биде противник на Македонија во финалето од баражот за СП

Португалија ќе биде противник на Македонија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2023 откако на домашен терен славеше над Туриција со 3-1.

Домаќините стигнаа до преднсот уште во 15. минута преку Отавио, а Диого Жота донесе преднсот од 2-0 во 42. минута. Во 65. минута Јилмаз намали на 2-1, а истиот играч е трагичар за својата репрезентација откако во 83. минута промаши пенал за изедначување. Тоа знаеше да го искористи Нунез кој во 94. минута стави крај на сите дилеми за патникот во финалето.

Во финалето се пласираше и Велс кој славеше над Австрлија со 2-1. Херојот на Велшаните беше Герет Бејл кој со два гола во 25. и 51. минута донесе комотна преднсот за својата репрезентација, а автоголот на Дејвис го ублажи поразот.

Се вчитува...