Поранешниот германски фудбалер и селектор, Јирген Клинсман е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја, објавија медиумите во оваа азиска земја.
Клинсман се согласи да соработува со Корејската фудбалска федерација до Светското првенство во 2026 година, а неговиот прв меч на клупата ќе биде на 24. март, кога Јужна Кореја ќе одигра пријателски натпревар против Колумбија во Улсан.
По одличната играчка кариера во која настапуваше за Штутгарт, Интер, Монако, Тотенхем, Баерн и Сампдорија, а за Германија одигра 108 натпревари со 47 гола и ги освои титулите светски првак во 1990 година и европски првак во 1996 година, Клинсман почна тренерска кариера.
Од 2004 до 2006 година ја водеше Германија со која на домашен терен го освои третото место на СП 2006 година, а од 2011 до 2016 година беше селектор на САД, а со таа репрезентација стигна до осминафиналето на Светско првенство 2014 година.. Покрај тоа, тој имаше и релативно неуспешни епизоди на клупата на Баерн во сезоната 2008/09. и Херта во текот на два и пол месеци во сезоната 2019/20.
На клупата на Јужна Кореја, Клинсман го замени Португалецот Пауло Бенто, кој ја напушти таа позиција по минатогодишното Светско првенство во Катар, каде репрезентацијата се пласираше во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА