Јирген Клоп доби важна улога во германскиот фудбал

Откако го напушти Ливерпул, Јирген Клоп беше многу јасен во своите изјави дека повеќе нема да се занимава со тренерска работа. Но, тоа сигурно не значи дека Клоп не е во фудбалот. Покрај улогата што ја има во Ред Бул, Клоп сега има нова функција во германскиот фудбал.

Јирген Клоп ќе биде еден од членовите на Експертската група на Германската фудбалска лига. Целта на ова советодавно тело ќе биде подобрување на германскиот фудбал и долгорочно зачувување на конкурентноста на германските клубови на домашната и меѓународната сцена. Фокусот ќе биде на развојот на млади играчи и на зајакнување на лигашкиот систем.

Заедно со Клоп, во Професионалната група на „DFL“ се и Сами Кедира, кој беше светски шампион со Германија, Јохан Зауер како претставник на Баерн, Маркус Кроше, спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт и уште неколку истакнати луѓе кои сè уште се во управните тела на Бундеслигата.

Се вчитува...