Jирген Клоп добива понуда која нема да може да ја одбие?

Јирген Клоп одлучи да направи пауза од тренерската работа и стана директор за спортски операции во Ред Бул, но нема недостаток од покани. Според медиумите од Саудиска Арабија, Ал Итихад го насочил вниманието кон германскиот стручњак, откако се раздели со Лоран Блан.

Французинот ја освои двојната круна минатата сезона, но по слабиот старт во новата сезона, тоа не му помогнапремногу. Се додава дека приоритетна цел е Клоп, иако прашањето е дали ќе успеат да го убедат.

Како кандидати се споменуваат и Чави, Емери, Спалети и Консеисао.

Се вчитува...