Англискиот премиерлигаш Ливерпул не успеа да го комплетира трансферот на Набил Фекир од Лион, па менаџерот Јирген Клоп полека се врати кон други опции. Негова желба е Џулијан Брант, крилниот играч на Баер Леверкузен и германски репрезентативец. За него „црвените“ се подготвени да платат 50 милиони евра и да го доведат на „Енфилд роуд“.
Брант за своите 22 години веќе има огромно искуство, игра во Бундес-лигата четири години, во дресот на Баер Леверкузен има 132 настапи и 27 гола. Тој може да игра на неколку позиции во офанзивниот ред и токму затоа е интересен за Клоп. Сепак, тој има актуелен договор со „фармацевтите“, што секако ќе биде проблем повеќе за Ливерпул во реализацијата на трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА