Како што пишуваат италијанските медиуми, Јирген Клоп ја прифатил понудата на Рома и следната сезона ќе ја води „волчицата“ наместо Клаудио Раниери.
Откако ја прифати улогата на фудбалски директор во Ред Бул, Клоп се поврзува со единствениот клуб со кој пропадна зделката поради најавената промена на сопственоста.
Италијанските медиуми наведуваат дека Клоп веќе постигнал договор со Рома и дека му кажал да на претседателот на Рома, Ден Фридкин.
Италијанските медиуми со недели најавуваат „револуционерни промени“ во составот на „волчицата“, а тоа очигледно ќе опфати и сериозна промена на клупата.
Како тренер, Клоп ги водеше Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, од кој си замина на крајот од минатата сезона. Оттогаш не се занимава со тренерска работа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

