Ливерпул сосема неочекувано загуби со 2-0 од Евертон, кој се бори за опстанок, во синоќешната градска дерби пресметка во Премиерлигата.
Сето тоа на разочарување на армијата навивачи на „црвените“ затоа што сега веќе се заостанува бодовно зад Арсенал во битката за титулата, но и зад Манчестер сити ако се знае дека „граѓаните“ имаат натпревар помалку.
Јирген Клоп не можеше да го сокрие разочарувањето по синоќешниот дуел, извинувајќи се до сите навивачи на Ливерпул.
„Навистина сочувствувам со навивачите. Многу ми е жал. Се извинувам… Ова навистина на беше добро. Не знам што повеќе да кажам“ – истакна Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА