Јирген Клоп ќе води селекција на идното Светско првенство!?

Челниците на Фудбалската асоцијација на САД соопштија дека 50-годишниот Грег Берхалтер повеќе не е селектор на репрезентацијата поради лошиот настап на Копа Америка, чиј домаќин беше САД.

Репрезентацијата имаше големи очекувања, но веќе беше елиминирана во групната фаза по победата против Боливија и двата порази, од Панама и Уругвај и го зазеде третото место во групата Ц.

САД ќе бидат кодомаќини на Светското првенство со Мексико и Канада за две години, а Фудбалската асоцијација на САД сака големо име да ги води на турнирот.

Британски Индипендент пишува дека нивна желба е легендарниот Германец Јирген Клоп, поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, кој летово го напушти Ливерпул и призна дека му треба пауза. Сепак, работата на селекторите бара помалку секојдневна вклученост, што може да му одговара на Клоп.

Се вчитува...