Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, работи на амбициозен план за создавање нова лига во Германија, пренесува Билд. Клоп не е сам во овој проект, туку собра силен тим од фудбалски авторитети.
Меѓу имињата вклучени во планирањето се Маркус Кроше, Сами Кедира, поранешен играч на Реал Мадрид, и Андреас Ретиг од ДФБ.
Основната идеја е формирање на нова лига до 21 година, која би послужила како мост помеѓу младинскиот и професионалниот фудбал. Целта на оваа лига би била да им овозможи на младите таленти да стекнат квалитетно натпреварувачко искуство пред да влезат во Бундеслигата. Според проценката на групата, сегашниот систем не им обезбедува доволно шанси на младите германски играчи да се пробијат во првите тимови.
Податоците што ги објави „БИЛД“ ги загрижуваат челниците на германскиот фудбал и дополнително ја објаснуваат потребата од промени. Имено, само девет германски академии се меѓу 100-те најпродуктивни во Европа. Дополнително, Бундеслигата има најмал број домашни, клупски играчи меѓу петте најсилни европски лиги. Уште поалармантен факт е што дури 85 проценти од минутите во Бундеслигата ги играат фудбалери кои не пораснале во академиите на клубот.
Клоп и неговите соработници во овој проект веруваат дека новата лига може да помогне во зачувувањето на идентитетот на германскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

