Германецот Јирген Клоп е без тренерска работа откако го напушти Ливерпул минатото лето.
Клоп моментално работи како директор за фудбалски операции во Ред Бул со задача да го подобри спортскиот дел на Лајпциг и Салцбург.
Но, постојат клубови кои би сакале да го видат на својата клупа. И се споменува дека понуда може да пристигне од Бенфика, доколку Кристовао Карваљо победи на претседателските избори. Тој има амбициозни планови, со желба Бенфика да се најде во финалето на Лигата на шампионите за неколку години.
„Бруно Лаз нема да остане со мене по завршувањето на договорот на крајот од сезоната“ – изјави Карваљо за португалските медиуми пред претседателските избори на 25 октомври, додавајќи:
„Ми треба тренер од светска класа, оној кој веќе ја освоил Лигата на шампионите и кој е подготвен да ја освои Лигата на шампионите со Бенфика.“
Тој објасни на кого мисли…
„Во главата ми е само едно име: Јирген Клоп. Тој дури рече дека Бенфика е одличен клуб кој би сакал еден ден да го тренира. Некој што го вели тоа има повеќе причини да биде во овој клуб од кој било друг. Денес е јасно дека Бенфика не може да ја освои Лигата на шампионите. Но, јас имам финансиски план насочен кон таа цел. Можам да им ветам на навивачите на Бенфика дека за четири или пет години ќе играме во финалето на Лигата на шампионите“ – вели Карваљо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

