Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е еден од најбараните играчи во светот, а сега за целата ситуација околу него говореше и експертот за трансфери на стариот континент, Фабрицио Романо.
Имено, Романо откри дека Јирген Клоп се обидел да го доведе Гвардиола во јануари.
„Ливерпул преговараше со Лајпциг, но германскиот клуб не сакаше да го продаде Гвардиол. Челси и понатаму останува заинтересиран, хрватскиот стопер е високо ценет на трансфер пазарот. Во игра е и Манчестер Сити. Се уште е се отворено, но никогаш не е лесно да се договори договор со Лајпциг. Сепак, мислам дека Гвардиол ќе биде еден од најголемите трансфери следното лето“, изјави Романо.
Договорот на Гвардиол со Лајпциг е до јуни 2027 година, а во неодамнешното интервју за „Тајмс“ тој изјави дека би сакал да игра во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

