Јирген Клоп се враќа во Ливерпул само неколку месеци по заминувањето. Но, не како менаџер, туку во сосема поинакво својство, во иднина ќе биде почесен амбасадор на хуманитарната фондација Ливерпул.
На крајот од минатата сезона, Клоп го напушти „Енфилд“, а на кормилото го наследи Холанѓанецот Арне Слот.
„Фондацијата Ливерпул прави неверојатна работа во заедницата, и во и околу регионот на Ливерпул. Навистина сум горд што ќе продолжам да работам со нив и што сум назначен за прв почесен амбасадор на Фондацијата“, рече Јирген Клоп.
Најавата дека Клоп ќе соработува со Ливерпул доаѓа само неколку дена откако и официјално ја одби понудата да стане селектор на репрезентацијата на САД. Тој рече дека не е заинтересиран да го наследи Грег Берхалтер на чело на САД бидејќи планира да одмори малку од фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА