Јирген Клоп се врати во Борусија Дортмунд

Германскиот тренер Јирген Клоп ќе се врати на клупата на Борусија Дортмунд, но, само на прошталниот меч на Лукас Пишчек и Јакуб Блашчиковски, чиј тим ќе го води.

Клоп ја прифати поканата на Јакуб Блашчиковски и е многу среќен што ќе учествува на овој настан.

Покрај Клоп на овој натпревар ќе настапат и поранешни играчи на Дортмунд како Нури Сахин, Себастијан Кел, Деде, Антонио Да Силва и Мохамед Зидан.

Германскиот стручњак шрави пауза од работа по заминувањето од тренерската клупа на Ливерпул, а се уште не е познато кога ќе се врати на тренерската работа.

Се вчитува...