И покрај тоа што пред само два дена категорично одби било каков договор со Реал Мадрид, се чини како Јирген Клоп, сепак, да остава простор за идна соработка со кралскиот клуб од јуни. Тоа би било враќање на тренерската работа со одличен стил на човекот кој во девет сезони на клупата на Ливерпул му донесе на клубот најголеми почести.
Од летото 2024 година, Германецот е ангажиран во Ред Бул како глобален амбасадор на оваа франшиза, но не е имун на нови предизвици, особено ако новиот предизвик би бил покана од Реал Мадрид.
Нешто што Клоп, кој инаку е голем обожавател на Мадрид, тешко би можел да го одбие.
Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул е сериозно заинтересиран да се врати на клупата доколку Реал го покани.
„Јирген Клоп сериозно размислува да се врати на тренерската клупа доколку Реал му даде конкретна понуда на лето. Реал отсекогаш го фасцинирал“, пишува германскиот новинар.
Клоп е задоволен од својата позиција во Ред Бул и нема многу нови предизвици што би го натерале да го напушти овој проект. Поточно, постојат само две причини зошто би ја напуштил својата сегашна позиција – позицијата селектор во Германија и клупата на Реал.
Реал Мадрид моментално минува низ исклучително турбулентен период, за само три дена беа поразени од Барселона во финалето на Суперкупот, останаа без тренерот Чаби Алонсо, а на врвот од оваа црна серија е елиминацијата од второлигашот Албасете во Купот на Шпанија.
Алваро Арбелоа го презеде тимот во меѓувреме, само како привремено решение кое не се покажа како најдобра опција, барем на почетокот, па затоа е сигурно дека Реал ќе ја започне следната сезона со нов, постојан стручњак, без оглед на настапот на Арбелоа.
„Треба да го следиме развојот на ситуацијата меѓу Клоп и Реал пред претстојната сезона“, вели германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

