Јирген Клоп со емотивна честитка по титулата на Ливерпул

Ливерпул се закити со титулата во Премиер-лигата, честитки до „црвените“ пристигнуваат од сите страни, но една од најемотивните дефинитивно е онаа од Јирген Клоп, стратегот што создаде династија, минатото лето по девет години си замина од „Енфилд“, а сега не го крие задоволството што Ливерпул се врати на тронот на англискиот фудбал.

„Исклучително сум благодарен за минатото. Многу, многу сум среќен за сегашните и многу сум позитивен околу иднината. Благодарам моја љубов“, напиша Јирген Клоп на својот профил на инстаграм.

Германскиот сратег го водеше Ливерпул од 2015 до 2024 година, успевајќи да го извлече овој гигант од големата криза, освојувајќи една титула во Лигата на Шампионите и една во Премиер-лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jürgen Klopp (@kloppo)

Се вчитува...