Артур Мело на крајот на сезоната заминува од Ливерпул и ќе се врати во редовите на Јувентус. „Црвените“ нема да ја искористат опцијата за откупување на неговиот договор за 37.5 милиони евра со оглед на тоа што поради повредата и рехабилитацијата не успеа да се наметне во тимот и да ги исполни големите очекувања.
Оваа информација ја потврди тренерот Јирген Клоп кој на Бразилецот му посака се најдобро.
„Му посакувам се најдобро. Неговиот професионализам и неговите способности се подобро познати на секој кој соработувал со него“, изјави германскиот стратег.
За играчот од средниот ред нема место ни во Јувентус па ова лето ќе се најде на листата на играчи на кои ќе им биде дозволен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА