Фудбалската репрезентација на Германија се подготвува за настапот на Светското првенство во Русија, а очигледно дека селекторот Јоаким Лев се соочува со многу проблеми. На еден од тренинзите се случи физичка пресметка меѓу Кимих и Рудигер, а селекторот јавно го критикуваше и Месут Озил. Играчот за врска на Арсенал најверојатно не дава се од себе на тренинзите на националниот тим.
„Некои фудбалери мора да се вложат многу повеќе на тренинзите. Еве на пример, Месут Озил. Тој е многу „мек“ во дуелите и има навика да симулира повреди. Тоа не ми се допаѓа, едноставно не е во стилот на Германија. Веќе зборував со него и очекувам брза реакција“, изјави Јоаким Лев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА