Откако го напушти кормилото на германската репрезентација во 2021 година после Европското првенство, Јоаким Лев и натаму е без ангажман. Тој цели 15 години беше дел од репрезентацијата како прв селектор, откако претходно две години беше асистент.
Лев сега е пред нов селекторски ангажман, откако е во преговори за преземање на селекцијата на Гана. Гана остана без селектор откако се раздели со Ото Адо, на само три месеци од почетокот на Светското првенство.
Сега Лев е многу блиску да ја преземе оваа селекција, и да ја води на престојниот Мундијал.
Тој има светска титула со Германија во 2014 година во Бразил, откако во финалето ја совлада Аргентина со 1-0 по продолженијата. Претходно ќе остане запаметен како еден од селекторите кои и го нанесе најкатастрофалниот пораз на Бразил од 7-2 во полуфиналето на истиот Мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

