Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев истакна задоволство од денешната ждрепка за квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар.
Германија е во група заедно со Македонија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн, а Лев верува дека неговата селекција ќе ја оправдата фаворитската улога.
„Мора да признаеме дека добивме одлична група. Секако не сакаме никого да потцениме, има тука навистина сериозни противници, но добивме група во која Германија мора да ја потврди фаворитската улога. Секако ние планираме патување во Катар“ – вели Лев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА