Јоаким Лев пак со старите навики – голот на Германија го прослави со раката во панталони (ВИДЕО)

Јоаким Лев ја прослави својата јубилејна 100-та победа на клупата на германската фудбалска репрезентација, но никако да се откаже од своите „лоши навики“. На неговите успеси никој не може да стави забелешка бидејќи Германија во неговиот мандат од 2006 година, на сите големи натпреварувања стигна најмалку до полуфинале, но навиките на германскиот селектор не воодушевуваат како неговите  резултати.

„Гнасниот“ Лев повторно им се врати на своите чудни потези. Во Купот на Конфедерациите Германија го победи Камерун со 3-1 и го обезбеди првото место во групата во пресрет на полуфиналето. Кога Керем Демирбеј на почетокот на второто полувреме го постигна водечкиот гол за Германија, камерите го фатија Лев како за завлекува раката во панталоните…

lev2

Вакви потези германскиот селектор имаше и претходно, а по реакциите од јавноста, вети дека ќе с епоправи.

„Ги видов тие фотографии и видеа и секако, ќе се обидам да се донесувам примерно. Жал ми и е и се извинувам“ – велеше Јоаким Лев за време на ЕП во Франција минатата година.

Но, навиките изгледа тешко се менуваат.

Се вчитува...