Јоаким Лев по ЕВРО 2020 ја напушта репрезентацијата на Германија

Европското првенство годинава ќе биде последниот голем настан за Јоаким Лев на клупата на фудбалската репрезентација на Германија, потврдија од фудбалската федерација на оваа земја.

Јоаким Лев го презеде кормилото на селекцијата во 2006 година, а најголемиот успех го имаше во 2014 кога Германците стигнаа до титулата на Светското првенство во Бразил. Четири години претходно на мундијалот во Јужна Африка се закити и со бронзениот медал.

 

Се вчитува...