Лев со строги правила пред СП – Пиво може, секс и фејсбук не!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, воведе задолжителни правила за фудбалерите пред СП во Русија.

Според „кодексот на Лев“, во текот на Мундијалот на германските фудбалери сексот им е строго забранет, исто како и посетите од сопругите и од девојките во репрезентативната база.

За разлика од сексот, на репрезентативците им е дозволен алкохол, се разбира во „разумна“ количина. Јоаким Лев, наводно нема ништо против да се испие една чашка алкохол пред спиење, бидејќи смета дека тоа може само да им помогне на играчите.

Освен сексот, на германските фудбалери за време на СП нема да им биде дозволено да се занимаваат со социјалните мрежи и ќе мора во целост да бидат фокусирани на натпреварите, а не на пишувањето на медиумите, на колегите или на фановите.

На претстојниот Мундијал, Германија ќе игра во групата Ф со Мексико, Шведска и Ј. Кореја.

Се вчитува...